Шведските медиуми ги фалат достигнувањата на Русија во земјоделството

Reuters

Во последните дваесет години Русија од земја зависна од увоз на храна стана еден од најважните играчи на светскиот извозен пазар.

Земјоделството во Русија стана најбрзо растечка гранка на тамошната економија, така што оваа земја во моментов извезува повеќе земјоделски производи отколку оружје, пишува шведскиот магазин Lantbrukets Affärstidning.

Како што се наведува, Русија од земја зависна од увоз на прехранбени производи, во последните дваесет години стана еден од најважните играчи на светскиот извозен пазар. Во последните пет години земјоделското производство и неговиот извоз пораснаа за дваесет отсто, се истакнува во текстот.

Стручњаците наведуваат дека политиката на државата во сферата на трговијата и земјоделството довела до таков раст. По распадот на Советскиот Сојуз дојде до колапс на земјоделските производи по што во земјата навалија увозни производи, се потсетува во статијата.

Како што нагласуваат авторите на тестот, ситуацијата почна да се менува по одлуката на владата во 2005 година да инвестира во домашното земјоделско производство. Освен тоа, Москва како одговор на економските санкции од Европската Унија и САД во 2014 година забрани увоз на некои производи од Европа и Америка, пишува шведското гласило. На крај според податоците за 2017 година Русија стана најголем извозник на пченица на светот, втора земја според производство на житарки и сончогледово семе, трет производител на млеко и компир и петти на јајца и пилешко месо, се наведува во текстот.

Според пишувањето на медиумите, растот на БДП-то во октомври во Русија е зголемен до 2,5 отсто на годишно ниво благодарение на динамиката на земјоделското производство.

Руското ембарго на увоз на одредени производи од земјите кои ги воведоа антируските санкции (САД, ЕУ, Канада, Австралија и Норвешка) подразбира забрана за увоз на месо, колбаси, риба и морски плодови, зеленчук, овошје и млечни производи. На продолжувањето на западните санкции Москва адекватно одговара со задржување на своето ембарго.

Прочитајте повеќе: Сѐ поголемиот извоз на руска пченица предизвик за САД и ЕУ?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња