„Роснефт“ предлага создавање најголем нафтен кластер на рускиот Арктик

Евгениј Бијатов/Sputnik

„Роснефт“ во моментов разгледува формирање на најголема нафтена група на рускиот Артик, на полуостровот Тајмира, на северот на Сибир, изјави раководителот на оваа нафтена компанија Игор Сечин на неодамнешниот состанок со претседателот на Русија Владимир Путин, се наведува на официјалниот сајт на шефот на руската држава.

Неколку локации и наоѓалишта ќе бидат поврзани и обединети под закрила на еден ентитет, а целта на компанијата е до 2030 година да вади 100 милиони тони од скапоценото црно злато годишно.

„Обединетиот имот ќе стане центар за привлекување стратешки инвеститори. Интерес веќе покажаа најголемите западни инвеститори, како и инвеститори од југоисточна Азија“, рече Сечин.

Кластерот би можел да придонесе за развој на Северниот морски пат, проект кој е главен во арктичката стратегија на земјата. Претставувајќи скратен пат меѓу Европа и Азија (наместо традиционалната рута преку Суецкиот канал), оваа иницијатива би довела до развој на крајниот север на Русија.

Прочитајте повеќе: Русија извезла во Европската Унија повеќе течен природен гас отколку САД

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња