Проценето колку вредат руските резерви на нафта

Global Look Press

Вредноста на резервите на нафта во Русија се проценуваат на 40 трилиони рубли (540,5 милијарди евра), а резервите на природен гас на 11 трилиони рубли (148,6 милијарди евра). Овие податоци ги објави руското Министерство за природни ресурси и екологија, пренесува РБК.

Се наведува дека првата процена е извршена врз основа на податоци од крајот на 2017 година. Процената потоа секоја година ќе се коригира.

*Руското Министерство за природни ресурси ги зеде предвид само резервите од наоѓалишта за кои веќе се издадени дозволи за експлоатација, што секако се помали количини од вкупно постоечките резерви. Тоа значи дека не е пресметана нафтата од наоѓалиштата кои сѐ уште не се во експлоатација, ниту од неистражените наоѓалишта и сл.

Министерството за природни ресурси исто така изнесе процена за резервите на кокс (преку 2 трилиона рубли, т.е. 27 милијарди евра), рудите на железо (808 милијарди рубли, т.е. 10,9 милијарди евра), дијаманти (505 милијарди рубли, т.е. 6,8 милијарди евра) и злато (480 милијарди рубли, т.е. 6,4 милијарди евра). Вкупната вредност на сите минерални и енергетски ресурси во земјата изнесува 55,2 трилиони рубли (743 милијарди евра).

Кон крајот на февруари рускиот министер за енергетика Александар Новак изнесе процена за резервите на нафта и гас во земјата. Според неговите прогнози, Русија има доволно резерви на нафта за околу 30 години, а на гас за преку 100 години. Резервите на нафта од категориите В и С во моментов се 29 милијарди тони.

Прочитајте повеќе: Русија и понатаму го освојува пазарот на извоз на нафта и гас

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња