Путин го означи почетокот на работите на Харасавејското наоѓалиште со огромни резерви на гас

Скриншот

Рускиот претседател преку видеолинк даде знак за почеток на новиот енергетски проект. Новото наоѓалиште претставува вистинска реткост според количината на резерви на гас со кои располага, а кои изнесуваат два билиони кубни метри. Неговата експлоатација ќе почне 2023 година.

„Харасавејското наоѓалиште ќе отвори нови хоризонти за развој на енергетиката, за јакнењето на нашиот извозен потенцијал и за понатамошната гасификација на Русија, што ќе придонесе за економскиот раст“, рече Путин.

Харасавејското наоѓалиште се наоѓа на Јамалскиот полуостров, северно од Бованенковското наоѓалиште, претежно на копно и делумно во епиконтиненталниот појас на Карското море.

„Ова наоѓалиште располага со огромни резерви на гас. Се работи за два билиони кубни метри, што заедно со наоѓалиштето „Бованенково“ е речиси седум билиони, а тоа се извонредни резерви. Тие се толкави што на ова место може да се произведува гас до 2131 година, а ако земеме предвид дека вкупните резерви на гас на Јамалскиот полуостров изнесуваат преку 16 билиони кубни метри, тоа без сомнение создава услови за работа во текот на многу идни генерации. Вакви огромни количини со години однапред гарантираат стабилност и безбедност на испораките на енергенси за потрошувачите во земјава и нашите партнери во странство“, изјави Владимир Путин.

На Харасавејското наоѓалиште веќе се изградени објекти потребни за живот на луѓето, меѓу другото станбен комплекс за работниците и електрана за сопствени потреби.

Прочитајте повеќе: Француски „Тотал“ високо ја оценува конкурентноста на рускиот гас

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња