Компаниите „Тојота“, „Ламборгини“ и „Мишлен“во Канцеларијата на европскиот сојуз за интелектуална сопственост (EUIPO) ја оспорија пријавата за регистрација на брендот Aurus (првиот руски производител на делукс автомобили), пишуваат руските медиуми.
Производителите на автомобили сметаат дека називот Aurus многу наликува на називите на нивните автомобили: на компактниот хечбек „Тојота Аурис“ и кросоверот од делукс-класата „Ламборгини Урус“, како и дека потсетува на подбрендот на производителот на гуми „Мишлен“ – „Таурус“.
„Потрошувачите генерално се ориентираат според почетниот дел на називот поради системот на читање од десно на лево. Разликата од една буква доведува до тоа да се игнорира и онака незначителната разлика меѓу два знака”, објасни претставникот на компанијата „Тојота“, адвокатот Кристијан Томас во своето обраќање до EUIPO. Слични протести упатија и компаниите „Ламборгини“ и „Мишлен“.
Руското Министерство за индустрија и трговија кое е надлежно за проектот Aurus соопшти дека во врска со патентниот спор не гледа никаков проблем. Министерството соопшти дека во јануари 2019 година брендот бил регистриран во Белгија, Холандија и Луксембург, а во март во Летонија и Литванија. Меѓутоа, регистрацијата во патентните агенции на земјите од Бенелукс, Литванија и Летонија овозможува користење на ознаката на брендот само на нивна територија.
Извор на весникот близок до автомобилскиот институт НАМИ, кој работеше на проектот Aurus, изјави дека поради ситуацијата со патентната пријава можноста за продажба на автомобилите Aurus во Европа е под знак прашање.
Семејството автомобили од делукс-класата Aurus е проектирано од институтот НАМИ. Сите возила се засновани на иста модуларна платформа која во текот на реализацијата на проектот го називот „Кортеж”. Работата над автомобилите почна 2013 година. Во линијата на брендот се претставени „Сенат-лимузината”, седанот „Сенат” и минивенот „Арсенал”. Планирано е и производство на мотоцикл, кросовер и кабриолет. Извозот на автомобилите е планиран за 2021 година.
Лимузината Aurus прв ја испроба претседателот на Русија Владимир Путин. Шефот на руската држава во новиот автомобили пристигна на церемонијата на инаугурацијата на 7 мај 2018 година.