Како е создадена новата руска претседателска лимузина Aurus (ВИДЕО)

Reuters

Процесот на создавање на претседателската лимузина Aurus најпосле ѝ е претставен на јавноста. Руското министерство за индустрија и трговија објави снимка на која можат да се видат сите фази на работата над автомобилот: од изработката на скиците до пуштањето во производство и поставувањето на знакот на брендот Aurus на хаубата.

Видеоснимката под назив „Како е создаден AURUS” е објавена на официјалниот „Јутјуб“ канал на руското министерство.

„Не е направено само ново возило, туку се креирани и капацитети и стекнати се вештини за сериско производство на сигурни автомобили. На проектот беа собрани најдобрите руски инженери и конструктори, создадени се нови технологии, како и нова опрема”, се наведува во текстот што ја придружува снимката.

Лимузината Aurus Senat првпат ѝ беше претставена на јавноста на инаугурацијата на претседателот на Русија Владимир Путин на 7 мај 2018 година. Шефот на руската држава денес го користи ова возило на сите работни патувања по Русија и во странство.

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев се префрли на руската лимузина во јануари 2019 година. Минатата недела тој во новата лимузина ја посети конференцијата „Гајдаровски форум” во Москва.

„Тоа не беше прво возење, но претседателот на владата почна да го користи овој автомобил во новата година. Aurus ќе биде неговото главно возило”, ја коментираше промената на службениот автомобил портпаролот на премиерот Олег Осипов.

Прочитајте повеќе: Зошто автомобилот „Аурус“ не им се допаѓа на западните новинари

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња