Руските автомобили Aurus, претставени на Женевскиот меѓународен саем на автомобили, станаа конкуренција на брендовите „Бентли“ и „Ролс-Ројс“, сметаат западни новинари.
„Овие раскошни автомобили од руско производство стилски потсетуваат на „Ролс-Ројс”, истакнува новинарот на американскиот портал посветен на автомобилизмот Carscoops.
Според него, најмногу внимание заслужува блиндираната лимузина Aurus Senat L700, која со својата големина ги надминува моделите како што се „Ролс-Ројс Фантом“ и „Мајбах 62“. Но ни малку покомпактниот седан Aurus Senat L600 не може да се нарече „минијатурен”, пишува авторот.
„Не може да се каже дека надворешниот изглед на овие возила е иновативен. Меѓутоа, ентериерот е несомнено раскошен. Користени е врвна кожа, дрво и метални детали”, се наведува во статијата.
Авторот на текстот исто така истакнува дека автомобилите од марката Aurus во значителна мера користат високи технологии. Меѓу другото, имаат дигитална инструмент табла, информативно-забавен систем со широк екран и забавен систем за патниците на задните седишта, пренесува РИА „Новости“.
„Како и „Бентли“ и „Ролс-ројс“, „Аурус“ има систем за персонализација кој на купувачите им овозможува прилагодување на практично секој аспект на ентериерот”, вели авторот на статијата.
Автомобилите „Аурус“ од проектот „Кортеж” се претставени на Женевскиот меѓународен саем на автомобили кој се одржува од 5 до 17 март. Приватните клиенти од Русија ќе ги добијат првите возила во третиот-четвртиот квартал на 2019 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче