Како изгледа однатре Путиновата лимузина Aurus? (ВИДЕО)

MIT Russia/Twitter.com
На саемот на вооружување IDEX-2019 во Абу Даби беше претставен ентериерот на руската претседателска лимузина Aurus.

Ентериерот на лимузината е изработен од дрво и кожа. Наместо инструмент табла во неа се наоѓаат два мултимедијални монитора со информации, пренесува телевизискиот канал „Ѕвезда”.

Двете седишта за високите функциониери, кои се наоѓаат во задниот дел на автомобилот, исто така имаат мултимедијални системи и два монитора. Место странични стакла во автомобилот се вградени екрани на кои се проектира слика од надворешните камери.

Aurus на саемот е дел од поставката на емиратскиот холдинг Tawazun, кој во своите фабрики ќе произведува низа модели на овој делукс автомобил, како што претходно соопшти рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров. Според него, најверојатно во Обединетите Арапски Емирати ќе се склопуваат повеќенаменските теренски возила од оваа серија.

Називот Aurus е составен од латинскиот збор за злато (aurum) и зборот Russia. Лимузината е дел од претседателскиот проект „Кортеж” над кој од крајот на 2012 година работи рускиот научноистражувачки центар „НАМИ”. „Кортеж” ќе опфаќа модели на седан, лимузина, микробус, теренско возило и мотоцикл.

Лимузината првпат беше претставена на инаугурацијата на Путин во 2018 година. Во јули минатата година рускиот претседател првпат отиде и во странство со неа.

На Московскиот саем на автомобили кој крајот на август минатата година беше претставена верзијата лимузина за широкиот пазар под називот Aurus Senat. Нарачки за овој автомобил пристигаат од различни земји. 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња