Министерот за енергетика на РФ: Русија во тековната година руши гасни рекорди

Alamy/Legion Media

Русија ќе ја заврши 2018 година со рекордни резултати во производство и извоз на гас, изјави министерот за енергетика на РФ Александар Новак, пренесуваат руските медиуми.

„Очекуваме рекордни резултати во експлоатацијата на гас, околу 723 милијарди кубни метри, што е за речиси пет отсто повеќе од лани. Извозот од 224 милијарди кубни метри ќе се зголеми на 245, што е за 9,3 отсто повеќе од лани и е показател каков што никогаш претходно сме немале“, рече Новак.

Како што истакна министерот, еден од главните импулси за развој на гасната индустрија бил почетокот на производството во фабриката за производство на течен природен гас „Јамал СПГ“ во сопствеништво на компанијата „Новатек“. Според Новак, зголемено е и производството на нафта и јаглен до 556 милиони тони, односно 433. Тоа е десет милиони тони нафта повеќе од минатата година и околу 200 илјади барели повеќе на дневно ниво.

Експлоатацијата на нафта растеше без оглед на договорот на земјите-членки на ОПЕК (Организација на извозници на нафта) ОПЕК+ и 11 независни држави, вклучувајќи ја Русија, за намалување на производството на црно злато. Подобрувањето на показателите е поврзано, меѓу другото, со растот на извозот на суровини од РФ, нагласи министерот Новак. Претходно раководителот на „Роснедра“ Евгениј Кисељов изјави дека при сегашната експлоатација Русија има резерви на нафта за наредните 25 до 30 години.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња