Фондот за одбрана, безбедност и развој Tawazun (Обединети Арапски Емирати), руското Федерално државно унитарно претпријатие „НАМИ” и руската компанија Sollers потпишаа на саемот на воена индустрија IDEX договор за влез на арапскиот фонд меѓу акционерите на компанијата „Аурус” со 36% акции.
„Според потпишаниот договор, фондот Tawazun ќе добие удел од 36% во компанијата „Аурус“ во која ќе инвестира вкупно 110 милиони евра во текот на следните три години. Овие средства ќе бидат инвестирани во организацијата на масовното сериско производство на автомобилите Aurus, како и во развојот на дистрибутивната мрежа на меѓународниот пазар”, изјави министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров.
Според него, со договорот исто така е предвидено фондот Tawazun да биде главен дистрибутер на линијата модели Aurus во земјите на Блискиот Исток и Северна Африка.
Во 2018 година руското Министерство за индустрија и трговија објави дека е постигнат договор меѓу Tawazun, НАМИ и Sollers за влез на арапскиот фонд во капиталот на заедничкото претпријатие за производство на автомобилите Aurus пројекта „Кортеж” и за инвестиција од 110 милиони евра во него.
Aurus, кој е пазарен назив за проектот „Кортеж”, е семејство автомобили од класата делукс за водечки државници на единствена модуларна платформа, која ја сочинуваат лимузина, седан, минивен и теренско возило. Проектот го реализира државниот институт НАМИ во соработка со групата Sollers на Вадим Швецов и странски партнери.