Лимузината „Аурус“ ќе ја има светската премиера на саемот IDEX во ОАЕ

Global Look Press

Првично беше планирано автомобилите од новата линија „Аурус“ да бидат премиерно прикажани на меѓународниот саем на автомобили во Женева. 

Светската премиера на лимузината „Аурус“, настаната во рамките на познатиот проект „Кортеж“, која рускиот претседател Владимир Путин веќе ја користи, ќе биде одржана на саемот на вооружување IDEX во Обединетите Арапски Емирати, изјави за агенцијата ТАСС министерот за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров на маргините на форумот „Деловна Русија“.

„Кон средината на февруари на саемот во Обединетите Арапски Емирати“, рече Мантуров одговарајќи на новинарско прашање за светската премиера на новите руски автомобили од премиум класата „Аурус“, прецизирајќи дека станува збор за лимузината.

Претходно беше најавувано дека автомобилите од марката „Аурус“ ќе бидат претставени на меѓународниот саем на автомобили во Женева во март оваа година. Инаку, лимузината „Аурус“ првпат беше видена во јавност на инаугурацијата на претседателот на РФ во Кремљ во мај минатата година, додека руската премиера се одржа во август на Саемот во Москва.

Една од најпрестижните меѓународни изложби на вооружување и воена опрема IDEX се одржува од 17 до 19 февруари под покровителство на шеикот Халифа бен Заид ал Нахајан, претседател на Обединетите Арапски Емирати, со поддршка на владата и вооружените сили.

Aurus (од латинскиот aurum „злато“ и Russia „Русија“) е линија автомобили од премиум класата настаната во рамките на проектот Единствена модуларна платформа (попознат како „Кортеж“) кој по налог на Министерството за индустрија и трговија на РФ од 2013 година го реализира ФГУП „НАМИ“. За работа на проектот за создавање линија автомобили врз база на единствена модуларна платформа, седан, лимузина, минивен и теренец од буџетот се издвоени 12,4 милијарди рубли. Специјални верзии на автомобилот Aurus користи Гаражата за посебна намена на Федералната служба за обезбедување (ФСО) на Русија за возење на претседателот и премиерот на РФ.

Лимузината Aurus Senat Limousine L700 и седанот Aurus Senat S600 ќе можат да се порачаат кај официјалните дилери, куќата „Авилон“ и „Панавто“, од 15 февруари, соопштија руските медиуми. Генералниот директор на компанијата „Солерс“ Вадим Швецов изјави кон крајот на октомври минатата година дека побарувачката е голема и дека сите автомобили чие производство е планирано за 2019 и 2020 година веќе „летнале“. Работата е во тоа тоа возилата „Аурус“ во текот на наведените две години ќе се склопуваат во производствените капацитети на ФГУП „НАМИ“ во Москва кои се ограничени на 150 автомобили годишно. Меѓутоа, од 2021 година сериското производство ќе биде организирано во погоните на компанијата „Солерс“ во Елабуга, што ќе овозможи зголемување на производството до пет илјади автомобили годишно. Покрај продажбата на рускиот пазар, автомобилите „Аурус“ и ќе се извезуваат.  

Погледнете го видеото: Како Путин го провози Вучиќ низ Белград со лимузината „Аурус“ 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња