Трговската размена на Русија и Кина првпат во историјата достигна 100 милијарди долари.
„Според состојбата во средината на декември обемот на руско-кинеската трговска размена веќе ја помина границата од 100 милијарди долари“, изјави официјалниот претставник на кинеското Министерство за трговија, пренесуваат медиумите.
Тоа се историски показатели, рече тој и додаде дека најголем раст на трговската размена Кина има токму со Русија.