Руските „Лади” меѓу 50 најпродавани марки автомобили на светот

Lada.ru

Во првите девет месеци од оваа година се продадени 286 илјади примероци.

Возилата на најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ, според податоците на аналитичката агенција Focus2move, се најдоа меѓу педесетте најпродавани марки автомобили на светот.

Популарните руски „Лади“ го зазедоа 48 место и на тој начин напредуваа за три места, откако претходно се наоѓаа на 51 место.

Инаку, во првите девет месеци од оваа година се продадени 286 илјади „Лади“, што изразено во проценти изнесува 21 отсто повеќе од истиот период лани.

Со 6,5 милиони продадени примероци „Тојота“ го зазеде првото место. Втор на листата е „Фолксваген“ (5,2 милиони), а третото место му припадна на „Форд“ (4,2 милиони продадени автомобили).

Прочитајте повеќе: Екстремно зголемена продажбата на „Лада” во странство

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња