Продажбата на „Лада“ во земјите на ЕУ порасна за речиси 11 отсто

Lada.ru

Во првата половина на оваа година АвтоВАЗ ја зголеми вкупната продажба на возила во странство за 64%.

Продажбата на автомобили од марката „Лада“ во земјите на Европската Унија порасна во првите шест месеци од годинава за 10,8% и изнесува 2,77 илјади возила. Во споредба со јуни минатата година, продажбата на „Лада“ е зголемена за 15,1%, што значи дека 579 руски возила нашле европски купувачи.

Најголемиот руски производител на автомобили од почетокот на годината ја зголеми продажбата на возила во странство за 64%, што преточено во бројки изнесува 16592. Најмногу возила се извезени во Казахстан и Белорусија, каде се продадени 5854, односно 4206 автомобили.

АвтоВАЗ е дел од алијансата Рено-Нисан-Мицубиши во чии погони во Толјати и Ижевск се произведуваат возила од четири марки - Lada, Renault, Nissan и Datsun. Вкупно 22 модели во сегментите В, В+, SUV и LCV, се распоредени во седум семејства Vesta, XRAY, Largus, Granta, Kalina, Priora и 4х4. АвтоВАЗ покрива 20% од рускиот пазар на автомобили. Стратешките планови предвидуваат зголемување на продажбата која во 2022 година треба да ја надмине бројката од сто илјади автомобили.

Прочитајте повеќе: АвтоВАЗ го претстави обновениот седан Lada Granta

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња