Што велат економистите за последиците кои за Русија би ги имало откажувањето од доларот?

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Проектот за дедоларизација на руската економија би можел да доведе до промена на задолжителните девизни резерви за банките, поради што тие би го губеле интересот за давање девизни кредити. Ова мислење го изнесоа експертите кои ги контактираше весникот „Известија“, пренесува Lenta.ru. 

Економистите нагласуваат дека во основата на идејата за откажување од доларот е желбата да се заштити економијата во случај на воведување на нови санкции, меѓутоа не постои никакво тежнеење да му се наштети на населението кое има влогови во долари. Постои уште една позитивна страна на проектот за државата – на економијата ќе ѝ одговара емисијата на готови пари.  

Според мислењето на стручњаците, ризикот од таквите мерки за населението има пред сѐ теоретски карактер, бидејќи промената на граѓанскиот промет на валути ќе бара големи напори и на крај ќе се покаже како неповолна. Дедоларизацијата може да ги допре големите градови бидејќи токму таму во промет се наоѓа голема количината на хартиени долари. Соговорниците на весникот ја проценуваат количината на доларската ефектива во Русија на 80 милијарди.

Во сферата на безготовинскиот промет на мало ризиците ќе бидат помали. Експертите нагласуваат дека Централната банка акумулирала околу 30 милијарди девизи во готовина и дека уште околу 14 милијарди се наоѓаат во комерцијалните банки. Тие претпоставуваат дека средствата се потребни во случај на валутна паника меѓу населението, за да постои можност за враќање на девизните депозити, меѓутоа таквата ситуација е малку веројатна..

Надворешната дедоларизација ќе бара многу време, некои договарачи можат да не се согласат на нови договори во друга валута и слично, сметаат економистите.

Во септември Министерството за финансии на Русија го поддржа планот на првиот човек на ВТБ банката Андреј Костин за дедоларизација на економијата. Според него, намалувањето на улогата на доларот во руската економија е потребно за обезбедување на стабилност во меѓународните пресметки. Костин нагласи дека мерките нема да се однесуваат на граѓаните кои имаат заштеда во американски долари. Подоцна планот за откажување од доларот, како што пишуваа медиумите, доби доверлив карактер. Експертите сметаат дека тоа е направено поради чувствителните информации за финансискиот сектор кои би можеле да предизвикаат флуктуација на курсот на рубљата.

Прочитајте повеќе: Руските власти подготвуваат план за ослободување на економијата од доларот