„Успешно се штитат од ризиците“: Големите руски компании се откажуваат од работењето во долари

Global Look Press

Компанијата „Сургутнефтегаз“ при склучувањето нови договори бара од партнерите премин од доларско на плаќање во евра, пренесуваат медиумите.

Руската нафтена индустрија успешно ги поднесе западните санкции. Како одговор на ограничениот пристап до западните финансиски инструменти и технологии компанијата се префрли на позајмици од домашните државни банки и се потпре на разработка на сопствени технологии, го пренесуваат руските медиуми пишувањето на агенцијата „Ројтерс“.

Агенцијата истакнува дека партнерите на „Сургутнефтгаз“ не гледаат проблем во преминувањето на европска валута.  Како што се наведува, на откажување од доларот работат и други големи компании. Така, во договорите на компанијата „Гаспромнефт“ се појави ставка за можно префрлување на работење во евра.

Според пишувањето на медиумите, на тој начин руските големи компании се штитат од ризиците поврзани со новите санкции и го прават тоа мошне успешно.

Прочитајте повеќе: Руски банкар смислил план: Како да се ослободиме од доларот во четири точки

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња