Новинарот Флеминг Роуз во текстот што го потпишува во данскиот весник Berlingske аргументирано го разобличува популарниот на Запад мит дека руската економија наскоро ќе пропадне, а земјата ќе банкротира.
Како што наведува Роуз, Русија поради западните санкции навистина чувствува економски тешкотии, додека темпото на економски раст е забавено и доведено под светското ниво. Според неговите процени, состојбата во руската економија притоа е далеку подобро отколку што се смета на Запад. Уверувањата дека Русите живеат во беда и дека наскоро ќе организираат бунт данскиот новинар ги вбројува во категоријата на митови. Тој истакнува дека во овој момент руската економија се наоѓа на седмото место во светот мерено со паритет на куповната моќ. Покрај тоа наведува податоци од испитувањата на јавното мислење според кои 1999 година дури 10% Руси го одобрувале одбраниот пат на развој на земјата, додека 2018 година тој показател се искачил на 47%. Како што нагласува Роуз, ниту една западна земја не може да се пофали со такви бројки.
Авторот на текстот понатаму наведува четири примери на успешни промени во руската економија. Прво, земјата успеала да ја избегне демографската катастрофа која стручњаците ја предвидуваа пред 25 години, а просечната должина на животниот век порасна од деведесеттите години на минатиот век до денес за осум години.
Второ, Русија е најголемиот во светот извозник на нуклеарни електрани, што не е занемарливо во време на климатски промени и трагања по алтернативни извори на енергија, пишува данскиот новинар. Како трет пример го наведува фактот дека Русија е најголемиот извозник на жито. Минатата година рускиот извоз на пченица беше поголем од извозот на оружје, нагласува тој. И конечно, Русија е единствената земја во Европа во која се појавија дигитални гитанти кои на внатрешниот пазар можат да им конкурираат на компании како што се „Гугл“, „Фејсбук“ и низа други од Силиконската долина.
Роуз истакнува дека на руската економија ѝ прогнозираат перспективна иднина и големите светски аналитички компании. Конкретно, според извештајот на агенцијата PwC, Русија до 2050 година ќе стане најголемата земја во Европа според бројот на жители и лидер на континентот според големината на економијата. За време на Студената војна ривал на западните земји им беше држава со дисфункционална економија, додека денес ситуацијата е поинаква, а лидерството на Запад не е загарантирано, пишува Роуз.
Русија во октомври ја подобри позицијата на Листата на глобалниот индекс на конкурентност на економијата, станувајќи најдобра меѓу евроазиските земји.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче