Русија активно работи на премин на национална валута во работењето со земјите од Блискиот Исток, југоисточна Азија, Латинска Америка и Африка, изјави министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров, пренесуваат руските медиуми.
Претседателот на Русија Владимир Путин претходно изјави дека Русија нема намера да се откажува од инвестициите во долари и работењето во американската валута, меѓутоа е свесна за санкциските ризици и настојува да ги минимизира. Притоа Русија одамна ги разгледува можностите за плаќање во национална валута со низа земји.
„Тоа не е брз процес (преминување на национални валути) и не го стартувавме како непосреден одговор на санкциите, туку тоа систематски го правиме веќе неколку години. Имаме искуство и во праксата во работата на комерцијалните банки и Централната банка во оние земји во кои таа пракса не е проблем. Тоа во помала мера се однесува на европските земји, а повеќе на земјите од Блискиот Исток, југоисточна Азија, дури и на Латинска Америка и Африка“, рече Мантуров.
„Кога станува збор за Европската Унија, ситуацијата во еврозоната не е толку драматична. Имаме потешкотии во врска со трансакциите во долари, затоа во наведените региони работењето во национални валути и активно“, додаде тој.
Рускиот министер за индустрија и трговија не ги именуваше компаниите кои ги испорачуваат своите производи во странство и прават бизнис во национални валути, но рече дека таквата потреба постои пред сѐ кај крупниот бизнис, бидејќи токму тој е на мета на американските санкции. Вкупно земено, трансакциите на руските компании реализирани во национални валути засега се, како што кажа тој, „незначителни“.
„Би бил задоволен кога би успеале да реализираме 50 отсто трансакции во национални валути, но стравувам дека 50% од вкупниот наш обем на испораки на високотехнолошки производи, или генерално, ако зборуваме за несуровинскиот и неенергетскиот извоз, дека тоа е прилично високо ниво“, рече Мантуров, истакнувајќи дека Русија не се откажува од европскиот и американскиот пазар.
Конкретен пример за валутен премин би можела да биде набавката на делови за потребите на руската автомобилска индустрија од Турција. Како што кажа Мантуров, цела низа национални компании во Руската Федерација е подготвена на плаќање во турски лири во најскоро време. Притоа производителите во Турција, како што истакна тој, исто така „со големо задоволство почнуваат спроведување на операции во националната валута“, пренесува порталот на телевизијата RТ на руски.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче