Светското првенство во фудбал ѝ донесе на руската економија 952 милијарди рубли

Александар Демјанчук/TASS

Вкупниот позитивен економски ефект на Светското првенство во фудбал врз руската економија надмина 950 милијарди рубли, а годишниот раст во наредните пет години се проценува на 150-210 милијарди рубли, се наведува во студијата на организациониот комитет „Русија 2018“.

Вкупниот придонес на Светското првенство во фудбал 2018 за домашниот бруто производ за периодот 2013-2018 година е проценет на 952 милијарди рубли и изнесува околу 1% од годишниот БДП на Русија, а условен е од инвестициите во инфраструктурата, трошоците на туристите за време на шампионатот, како и другите расходи во подготовката на турнирот. Придонесот е во рангот на светските првенства во фудбал кои се одржувани во други земји, се вели во извештајот, пренесуваат руските медиуми.

Организациони комитет „Русија 2018“ забележува дека зголемувањето на БДП за периодот 2013-2018 довело до раст на приходот на населението за 459 милијарди рубли со отворање на 315 илјади работни места годишно, како и до раст на буџетските приходи за 164 милијарди рубли.

Во наведениот период значително пораснал приходот на малото и средното претприемништво, за 797 милијарди рубли, пред сѐ благодарение на градежништвото и туризмот, се наведува во студијата.

Во повеќето региони, според податоците на организаторот, ефектот од подготовките и одржувањето на Светското првенство во фудбал имал удел во годишниот регионален бруто производ од 2-6%, а во Калининградската област и република Мордовија дваесет, односно, седумнаесет отсто.

Создавањето на инфраструктура во склоп на подготовките и одржувањето на Мундијалот во наредните пет години би можело да обезбеди годишен дополнителен раст на БДП од 150-200 милијарди рубли, се вели во извештајот.

По Светското првенство во фудбал влијанието на БДП-то ќе биде условено од вкупниот раст на туризмот во регионите во кои се одржуваше турнирот и комплексниот развој на подрачјата кои главно се наоѓаат покрај стадионите и добија инфраструктура во рамките на подготовките за Мундијалот, се наведува во студијата.

Прочитајте повеќе: „Форбс“: Светското првенство во фудбал ја направи Русија привлечна за инвестиции

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња