Како руското Министерство за одбрана го троши воениот буџет?

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Русија за развој и купување на оружје издвојува две третини од воениот буџет, односно 70 отсто, изјави за радио „Вести ФМ“ советникот на министерот за одбрана на Русија Андреј Иљницки.

На развој и купување на оружје од воениот буџет одат седумдесет отсто од средствата, изјави Иљницки. Како што нагласи тој, воениот буџет на Русија се наоѓа на шестото место во светот, додека првиот по големина е американскиот.

„Тоа е огромен буџет, и затоа ако Русија настојува да го стигне ќе биде осудена на неуспех поради тоа што можностите и ресурсите не можат да се споредуваат. По тој повод треба да се бара свој пристап кон осигурувањето на безбедноста на земјата“, рече Иљницки.

Тој додаде дека за тоа се зборувало на Меѓународниот воено-технички форум „Армија 2018“ на конференцијата за информациска безбедност „Психолошка одбрана“ и на конференцијата за вештачка интелигенција. Според одобрениот буџет, трошоците за „национална одбрана“ во 2018 година изнесуваат 943, 6 милијарди рубли, а за „национална безбедност и правосудска дејност“ - 1,3 трилиони рубли.

Прочитајте повеќе: Дали Русија навистина ќе ги намали воените трошоци?