ЗРПК Панцир-С1
Сергеј Бобилев/TASSПрвата сфера е можноста за ограничување и спречување на пристап до одредена територија (концептот anti-access and area denial, A2/AD), втората сфера се комбинираните воени дејствија во кои истовремено учествуваат различни родови војска, а третата е сајбер и радио-електронското војување, наведува Лиза Соер Семп.
Во својот текст авторите најмногу се занимаваат токму со првата сфера во контекст на можен судир меѓу Русија и САД во Европа. A2/AD е концепт на држење на противникот на растојание со помош на системите на вооружување, создавајќи услови во кои обид за инвазија на некоја зона неминовно би довел до значајни загуби. Во современи услови се работи пред сѐ за системите за ПВО, крстосувачките ракети и другите средства за уништување на далечина.
Филип Бридлав, поранешен командант на американската војска во Европа, уште летово изјави дека американската војска премногу се потпира врз своите воздухопловни сили, кои веројатно нема да бидат доволни за решавање на проблемот A2/AD. Затоа тој повика на јакнење на копнената формација на силите во Европа. Интересно е дека и самото постоење на руските зони A2/AD американскиот генерал го оцени како „навредливо”.
Евелин Фаркаш, која до неодамна беше помошник на американскиот министер за одбрана по прашања за Русија, Украина и Евроазија, смета дека, иако рускиот одбранбен буџет значително заостанува зад американскиот, Русија ги користи постојните средства многу ефикасно. „Тие ги прошируваат своите можности во одредени клучни области како што се крстосувачките ракети, системите за ПВО итн. Тоа за нас претставува проблем“, истакна таа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче