АвтоВАЗ го укинува производството на моделите Lada Priora, Lada Kalina и Lada Granta

Lada Priora

Lada Priora

lada.ru

Во планот на производството за јули на најголемиот руски производител на патнички автомобили АвтоВАЗ не се Lada Priora, Lada Kalina и Lada Granta. Според пишувањето на руските медиуми, оваа компанија ќе го запре производството на возилата Lada Priora.

Место застарените Lada Kalina и Lada Granta ќе почне производството на рестилизираните модели во стилот X на најновата производна линија на АвтоВАЗ. Според пишувањето на автомобилскиот магазин „Авторевју“, укинувањето на производството на возилата Lada Priora, едно време најпродавани, нема да влијае на вкупната продажба на „Лада“ бидејќи учеството на наведениот модел изнесуваше само 4,8 отсто.

Lada Kalina се произведуваше од 2004, Priora од 2007, а Granta од 2011 година.

Прочитајте повеќе: Нoвата Lada Vesta SW Cross под лупата на новинарите на германски „Ауто билт“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња