Lada Vesta SW Cross
Lada.ruОвластените германски дилери почнаа со продажба на руските возила Lada Vesta SW Cross пред само неколку дена, а автомобилските новинари веќе ги ставија под лупа.
Новинарите пред сѐ му посветија внимание на надворешниот изглед на возилото кој им се допадна многу. Седиштата се оценети добро, иако е искажана и една забелешка поради потпирачите за глава на задните седишта, кои по нивна процена не можат да се подигнат доволно високо.
На Германците не им се допаднаа ни држачите за чаши и шишиња бидејќи се премногу плитки за да можат да држат некаков предмет. Експертите ги разочара и малиот број на системи за безбедност, додека основната опрема ја пофалија. Кога ќе се собере и одземе сѐ, особено ги истакнуваат разумните цени и опремата и изразуваат надеж дека токму новитетите ќе придонесат „Лада“ да се ослободи од негативниот имиџ што ја следи на овој пазар.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче