По избивањето на „Дизелгејт“, скандалот околу мамењето на тестовите за емисија на штетни гасови од автомобилите, земјите од Европската Унија беа принудени да ги заострат еколошките стандарди поврзани со автомобилите.
Тако според новите правила во земјите на ЕУ е дозволено користење на автомобили чија емисија на јаглен диоксид не надминува 120 грама по еден километар.
Треба да се каже дека за автомобилите „Лада“ тој показател изнесува 138-216 г/км. Без оглед на тоа што продажбата на автомобили кои не одговараат на еколошките стандарди не е забранета, данокот на секој грам над нормата е мошне голем, што секако ќе влијае на побарувачката на автомобилот. Само во Германија за секој „вишок“ грам треба да се платат две евра.
Руската компанија планира да се врати на претходното ниво до 2020 година, а во овој момент нејзините инженери работат на прилагодување на техничките карактеристики на европските стандарди. Според прогнозите од „Автоваз“ потенцијалните загуби во заработката од продажба на автомобили во Европската Унија би можеле да изнесуваат околу три милијарди рубли.
Решението на проблемот би можело да доведе до опремување на автомобилите „Лада“ со хибридни погонски агрегати, пишуваат руските автомобилски магазини.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче