LadaLargus
АвтоВАЗТаквата можност постои благодарение на тоа што компанијата ја користи заедничката платформа B0 врз која се изградени домашните модели како што се Lada Xray и Largus. Меѓутоа, во овој момент конечната одлука по ова прашање не е донесена.
„Сега треба да одбереме таков проект, да пронајдеме таков производ. Ги имаме Казахстан и Египет. Како што веќе кажав, во наредните две години би можеле да се појават и нови проекти“. Некои од овие проекти би можеле да ги инволвираат производството или производствените капацитети на „Рено“ и „Нисан“, рече генералниот директор на „АвтоВАЗ“.
Се разгледува и можноста за заедничко користење на други платформи на алијансата за олеснување на производството на автомобилите „Лада“ во странските фабрики.
Производството на моделот „Лада“ на заедничка платформа би можело да започне најрано во 2020 година. Притоа прозводството на автомобилот во странство на платформата на алијансата се разгледува само во регионите каде „АвтоВАЗ“ во овој момент нема сопствени погони за производство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче