AвтоВАЗ: Испораката на новите „Лади“ во Србија почнува до крајот на април

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во европските земји LADA Vesta SW и LADA Vesta SW Cross се веќе во понудата, во пакетите со опрема Comfort и Luxe, со мотор со запремнина од 1,6 литри и мануелен или автоматски менувач.

Најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ до крајот на овој месец ќе почне со извоз на автомобилите LADA Vesta SW и LADA Vesta SW Cross во Србија, Словачка и Бугарија. Како што соопштува службата за односи со јавноста на рускиот концерн, наведените марки автомобили се веќе на располагање на купувачите во Германија, Австрија и Унгарија.

Возилата LADA Vesta SW и LADA Vesta SW Cross  имаат сертификат за усогласеност со барањата на Европската Унија во поглед на безбедноста и заштитата на животната средина. Двата модела одговараат, меѓу другото, на еколошкиот стандард на мотори „Евро 6“.

Во земјите од Европската Унија во понуда се модели на овие возила во пакет со опремата Comfort и Luxe со мотор со запремнина од 1,6 литри и мануелен или автоматски менувач, се наведува во соопштението на АвтоВАЗ.

На европскиот пазар претходно се појави седанот LADA Vesta.

Групата АвтоВАЗ е дел од алијансата Renault Nissan Mitsubishi и произведува автомобили од марката Lada, Renault, Nissan и Datsun. Производните погони на групата се наоѓаат во руските градови Ижевск и Толјати.

Прочитајте повеќе: LADA Vesta во Австрија наградена за економичност