LADA Vesta во Австрија наградена за економичност

lada.ru
Жирито ги зеде предвид параметрите како што се цената на автомобилот, трошоците за одржување, потрошувачката на гориво и амортизацијата.

Австриското авто-мото и туристичко друштво „Маркус“ ја додели својата шеста по ред годишна награда во категоријата Најекономични новитети во сегментот на компактни возила на руската „Лада Веста“.

Автомобилските експерти кои беа во состав на жирито ги бираа најдобрите автомобили меѓу 49 модели продавани во Австрија минатата година. Лауреатите прогласени во седиштето на австрискиот клуб во Виена се наградени во две категории, „Најекономични новитети“ и „Сигурни новитети“, во сите сегменти на автомобилската индустрија. Се доделува и специјална награда за иновативен производ, односно за најдобар концепт на автомобил.

Во категоријата „Најекономични новитети“ стручњаците ги оценуваа параметрите како што се цената на автомобилот, трошоците за одржување, потрошувачката на гориво и амортизацијата. На крај решија во сегментот на малолитражни градски автомобили да го наградат возилото Kia Picanto 1.0 MPI Neon, додека „Лада Веста“ во седан верзија и со мотор од 1,6 литри ја однесе победата во сегментот на компактни автомобили.

Кога се работи за останатите сегменти, во С класи се наградени  Renault Grand Scnic Energy dCi 110 Zen, во класата на компактни кросовери Kia Stonic 1,25 MPI ISG Titan и Seat Arona 1,0 EcoTSI Reference, на големите кросовери Peugeot 5008 1,6 BlueHDI 100 S&S Access, и во лукс класата Range Rover Velar 2,0 Diesel.

Оливер Шмеролд, директор на клубот „Маркус“, кој го носи името на познатиот виенски пронаоѓач, истакна дека наградите се сметаат за објективни и втемелени, истакнувајќи дека членовите на клубот при купувањето автомобил се раководат пред сѐ според критериумите за економичност и безбедност.

Прочитајте повеќе за најевтиниот автомобил на метан: Lada Granta CNG догодина на рускиот пазар

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња