„Ди Велт“: „Лада Веста“ главен конкурент на „Дачија дастер“ во Европа

Lada.ru
Германските новинари на весникот „Ди Велт“ (Die Welt) го оценија рускиот седан, нарекувајќи го топ модел.

Според оценката на германските новинари, врвниот модел на „Лада“ се продава во Европа подеднакво добро како и теренецот „4x4“ и хечбекот „Гранта“. За главна карактеристика на автомобилот е прогласена неговата добра прегледност.

Тешко може да се најде уште некој автомобил кај кој при свртување на погледот преку рамо може да се забележат толку велосипедисти и пешаци кои се приближуваат, нагласува весникот.

Меѓу позитивните особини на автомобилот се истакнати пространата внатрешност, удобните седишта, големиот багажник и касетата пред совозачот. Меѓутоа, има и забелешки, како што се непријатноста при брзина поголема од 180 километри на час, но и забележливата пауза на автоматскиот менувач при менувањето на брзини.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња