Во Русија врз база на моделот „Лада Калина“ е развиен експериментален беспилотен караван. Автомобилот го осмислија стручњаците на Централниот научноистражувачки автомобилски и авто мото институт НАМИ кои на својот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавија фотографија од новитетот и неговите технички карактеристики.
Автомобилот без помош на возач ќе може да го стартува електромоторот, да се движи напред со брзина од 50 километри, ќе може да свртува, да го следи возилото пред себе, да препознава сообраќајни знаци, ознаки на картата и пречки. Системот за автономно управување ќе му овозможува на возилото да ја следи маршрутата на движење на картата, како и да употребува звучни и светлосни сигнали.
Новитетот ќе го движи електромотор. Номиналната сила на моторот изнесува 30, а максималната 72,4 киловати. Како што се наведува, беспилотниот автомобил до следното полнење ќе може да помине 50 километри. Ќе развива максимална брзина од 120 километри на час.
Прочитајте повеќе: Креаторите на рускиот летечки мотоцикл најавуваат револуција во сферата на транспортот
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче