Културолошки шок: Американци возеа стара руска „Лада“

youtube.com
Двајца Американци од Лос Анџелес го тестираа рускиот автомобил „Жигули”. Нивната видео-снимка за само две недели стана вистинска сензација на двете страни на океанот.

На предлог на рускиот блогер Павел Суслов Американците Пол Хјустон и Џеј Ти решија да го повозат моделот ВАЗ-2106 „Жигули” на марката „Лада“. „Што е ова воопшто?” – беше првата реакција на Пола Хјустон кога го виде стариот модел на автомобилот. По деталното разгледување тој изјави дека поради двојните фарови колата личи на БМВ, но го смени мислењето штом седна зад воланот. „Па овде нема ништо“, се изненади Пол, а старинскиот волан го потсети на огромна макарона.

Пол и неговиот пријател едвај успеаја да се врзат со појас. Не можеа да сфатат како се повлекува појасот и се става во копчето. Џеј Ти непрестајно се шегуваше: „Мислам дека е нормално автомобилот да изгледа одзади исто како и однапред. Ако ти недостигаат некои делови, само ќе симнеш од задниот дел и ќе го ставиш на предниот”. Подоцна сосем сериозно додаде дека предноста на овој автомобил е во тоа што секој автомеханичар може да го поправи, додека поправката на современите автомобили е неспоредливо покомпликувана.

На Џеј му се допаднаа удобните седишта и менувачот кој се наоѓа веднаш покрај воланот, но го зачуди тоа што нема држач за чаши. „Пол, пиеле ли тие порано“, иронично го праша пријателот.

Возењето беше весело, но Хјустон забележа дека во ваков автомобил возачот не може да се опушти, затоа што мора да внимава на педалите на квачилото и колницата. „Но штом го почувствуваш автомобилот, сѐ си доаѓа на свое место“, додава Пол.

Американците заклучија дека автомобилот е „едноставен” но истовремено и „компликуван”. Иако во „Ладата“ нема клима уред, возењето по врелиот ден беше многу забавно. „Ми се допаѓа што сите нѐ гледаат“, се насмевна Пол Хјустон, држејќи се за „воланот-макарона”.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња