Објавена ранг-листа на најпродаваните возила во Европа: Lada Vesta се искачи за 25 скалила

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во текот на изминатата година во Европа се продадени 80 илјади примероци на возила од марката Lada Vesta, која на тој начин се најде на 70 место на ранг-листата на најпопуларни автомобили на стариот континент.

Во споредба со 2016 година Lada Vesta на листата на стоте најпродавани модели во Европа напредуваше 25 скалила, велат податоците објавени на сајтот focus2move.

Минатата година се продадени 79545 примероци Lada Vesta. Рускиот модел се наоѓа во непосредно соседство на компактниот хечбек Renault Twingo, кој го зазеде 69 место и кросоверотMazda CX-5 (71 место).

Меѓу стоте најпродавани автомобили се најде уште еден руски автомобил - Lada Granta. Тој со 96878 продадени примероци го зазеде 55 место, меѓу возилата Toyota CH-R (97295) на 54 и Hyundai i10 (94330) на 56 место.

Во Европа инаку на неприкосновеното прво место на спомената ранг листа веќе деветти пат по ред е Volkswagen Golf (546200 продадени возила). Следува Renault Clio (369800) и на третото место Volkswagen Polo (352800).

Прочитајте повеќе: „Автоваз” почна со производство на две нови верзии на моделот Lada Vesta