Московски сценарист направи стрип од своето CV

Аплицирањето за работно место никогаш не било позабавно.

Премести во сандачето за ѓубре, ѓубре и ѓубре. Кошмар на секој оној што бара работа е помислата дека неговото CV е префрлено во сандачето за електронско ѓубре и е загубено меѓу тоните идентични документи.

За да избегне таква судбина, на московскиот сценарист Вадим Малцев му текна на брилијантен начин да се осигура дека ова никогаш нема да му се случува. Тој се здружи со уметникот Никита Кибирев и ги претвори своето CV и мотивационото писмо во стрип.

Нема да зборувам за правлив скрибоман, но повеќе би сакал за некого кој сака приказни од најрана возраст.

Навистина се надевав дека ќе успеам на мојот пат во животот.

Но, патот беше полн со лажни пресврти, а моите желби не се совпаднаа со реалноста.

Помина многу време пред да одлучам да станам професионален раскажувач,

и морав да започнам сѐ одново.

Морав да ја ставам мојата диплома настрана и да си го прочистам умот од минатото знаење,

И да се соочам со монструмите кои му се добро познати на секој писател-почетник:  

Работно искуство; врски; и среќа.

Некои можев да ги поразам со моите вештини, да се заштитам себеси од некои од нив.

Другите монструми не можев да ги победам на почетокот.

Ме натераа да се повлечам и да работам на места каде што немаше побарувачка за креативни вештини. Но продолжив да го острам мојот занает.

Одењето го прави патот. 

Добриот тајминг и само среќа никогаш не им помагаат на оние што не успеваат да дејствуваат.

Оваа забавна новела е дополнета со поконвенционално писмо до потенцијалните работодавци. Кој има шанса против таквата комбинација? Вадим Малцев изјави за Russia Beyond дека бил преплавен со толку многу понуди што му било тешко да им одговори на сите.

Прочитајте повеќе: 7 прашања за странците кои бараат работа во Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња