7 прашања за странците кои бараат работа во Русија

Ројтерс
Од тоа како се наоѓа работа до трошоците за живот во Москва - одговараме на прашањата кои веројатно си ги поставувате ако барате работата во Русија.

„Бесконечно е тежок, бескрајно стимулирачки и целосно вреди“, вака сајтот HSBC Expat Explorer го опишува животот на иселениците, без разлика во која земја сте решиле да се отселите.

Русија не е најлошиот избор. Нејзината зголемена економија обезбедува многу профитабилни можности и места за амбициозните бизнисмени.

Нема официјална (сигурна) статистика колку точно странски државјани живеат и работат во Русија, но судејќи според бројот на меѓународните компании и рестораните и пабовите ориентирани кон иселеничката заедницата, сигурно тој не е мал. Сакате да станете дел од оваа заедница? Еве одговори на седум прашања кои веројатно ќе си ги поставите пред да донесете едно толку важно решение.

1. Во кој сектор можам да си најдам работа?

Работата за странци често е во категоријата на висококвалификуваните активности и во високиот менаџерски сектор. Има побарувачка на странци во индустрии како градежништвото, информатичката технологија, инженерските науки, транспортот и образованието.

Можности може да има и во хуманитарни организации, дипломатски мисии и меѓународни компании со филијали во Русија. Да си најдете работа во некоја од овие гранки сепак може да биде сложено, бидејќи овие места често се зафатени од локални или внатрешни кандидати.

Меѓу останатите можности се преводите, хонорарна настава по странски јазици и работа како дадилка.

Иако постојат многу сајтови за пребарување на работа на руски, еве неколку корисни линкови на англиски јазик од кои можете да започнете: Headhunter,XpatJobs, InJob.

2. Ќе ми треба ли дозвола за работа?

Ангажирањето странски службеници се регулира строго од државата, па да - ќе ви треба работно дозвола за да влезете во земјата. Исклучок се странците со дозвола за привремен или постојан престој, студентите, академскиот кадар, акредитираните новинари, дипломатите и вработените на некои хуманитарни организации. Граѓаните на земјите од Евроазиската економска унија (Белорусија, Казахстан, Киргистан и Ерменија) можат слободно да живеат и да работат во Русија.

За да добиете стандардна дозвола за работа, компанијата која ве вработува, мора да има право да назначува странци. Компанијата може да аплицира за дозвола за работа во ваше име, откако ќе потпишете договор. Ќе мора да ги поднесете потребните документи, вклучувајќи преведени и заверени дипломи за формални квалификации и образование.

Ако сè е во ред, работодавачот ќе ви испрати писмо со покана, што може да се користи за добивање виза. Штом се преселите во Русија, можете да земете дозволата за работа од страна на работодавачот.

3. Треба ли да зборувам руски слободно?

Доброто владеење на руски сигурно ќе ви е од голема помош - не само при комуникацијата со Русите, но и кај побарувачката на работа. Ќе имате многу поголема шанса да си најдете работа, ако сте искусен и зборувате руски. Покрај тоа, повеќето луѓе во Москва и во земјата зборуваат главно руски, па ако го знаете јазикот, ќе ви е многу полесно да се приспособите.

Ако сакате да учите руски, има многу јазични школи низ цела Русија, или пак можете да ги совладате основните нешта пред патувањето со помош на онлајн курсеви или школи во вашата татковина.

4. Каква е работната недела во Русија?

Исто како и во повеќето земји, работната недела во Русија вообичаено трае од понеделник до петок и има во просек 40 работни часа. Секој вработен може да достави сопствени барања за работното време, но обично тоа е или од 9 до 18 часот., или од 10 до 19 часот.

5. Какви придобивки ќе имам?

Ќе имате 28 дена платено отсуство и во некои случаи здравствено осигурување, како и пари за превоз или мобилен телефон. Работодавачот може да ви помогне и да си најдете сместување, да се регистрирате на курсеви по руски и да се снајдете во градот.

6. Колку чини животот во Москва?

Москва веќе не е најскап град во Европа. Во 2017 година таа беше во топ-20 и се пласираше на 14 место во студијата за трошоците за живот на Mercer.

Се разбира, сето тоа зависи од вашите потреби, но животот во руската престолнина може да е поднослив доколку сте подготвени да се навикнете на локалниот начин на живот. Сместувањето може да биде скапо, но цените на храната, транспортот и забавата можат да се сосема разумни. Истражете ја листата со евентуалните трошоци, објавен на сајтот Expatistan.

7. Постои ли иселеничка заедница во Москва?

Да, и тоа голема! Во последните дваесеттина години се создаде цела нова индустрија за иселеници. Во големите градови како Москва и Санкт Петербург, каде што живеат повеќето странци, има многу кафулиња, ресторани и клубови, кои се направени за да ги задоволат нивните вкусови и потреби. Papa's Place на улица „Никољскаја“ Hudson Bar на „Белорускаја“ Standard во Китај-город и Bud House на „Пушкинскаја“ се само неколку од местата каде што се собираат иселениците. 

Истражете го InterNations, групата на иселеници во Москва на Фејсбук, како и Couchsurfing за претстојните собири и настани во Москва. Односите со други странци ќе ви даде непроценливи внатрешни информации за најдобрите работодавачи, можности за контакти и совети за бизнис во Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња