Работата од соништата за младите московјани

Извор: ИТАР-ТАСС.

Извор: ИТАР-ТАСС.

„На кого и да наидеш, тој е или драматург или балерина“, се лути еден јунак од едно популарно видео на Јутјуб, кој допатувал во Санкт Петербург. Што би рекол тој во слична ситуација за Москва? Веројатно би лепнал нешто за фотографите, стилистите или за модните блогери. Времето на правници и на економисти е далеку зад нас, младите луѓе во Москва сега повеќе ги ценат креативните занимања.

Јунаците на нашето време

Момчињата и девојките, опседнати со желбата за создавање, храбро ги изучуваат занаетите фотограф, графички уредник, кулинарство, урбан дизајн. Значи сето она што дава своевидна „креативност“. Денес е подобро да се биде инструктор по јога од физиотерапевт, бизнис-обучувач од универзитетски професор.

Ваквите предвиди на руската младина за идеална работа во целост одговараат на духот на нашето време. Социјалните мрежи се преполни со фотографии кои ја диктираат модата и со преубава храна, со избор на најегзотични места и „скапоцени“ совети за која било тема. Тие секој ден го поттикнуваат читателот кон сопствена „креативност“.

Кој не ризикува, не е кул

На почетокот од милениумов многу мал дел од вработената руска младина можеше да се реши на чекорот за менување на полето на работа. Во сè се бараше стабилност, особено во работата. По една деценија ситуацијата е изменета: младите Руси денес со леснотија ја менуваат здодевната работам експериментираат. Кај нив се појави вербата во следниот ден, а заедно со неа и подготвеноста да се ризикува по секоја цена.

Која е работата од соништата?

Списокот на барања на младите кандидати за својата идна работа е невообичаено долг. За поголемиот дел од нив најважно е да им се допаѓа работата. „Завршив економски. Откако дипломирав работев како сметководител, но сфатив дека тоа не ме интересира. Сега барам работа. сè уште не знам во која насока да тргнам“, се жали 24-годишната Галина на еден форум за невработени.

Освен тоа, работата треба да биде добро платена, уверени се младите. „Сите пари ми одат на кирија! Не ми е јасно како толку малку плаќаат за толкаво количество обврски?!“, се чуди 24-годишниот Илја, кој завршил економски факултет во Санкт Петербург, а потоа дошол да работи во Москва.

Според истражувањето на порталот Superjob.ru што беше спроведено меѓу московските апсолвенти годинава, на младите им се потребни 80.000 рубли (2.000 евра) за да можат нормално да живеат во главниот град. Илја добива двојно помала плата.

Беше речено

 

Работејќи на многу раководни функции, сакам да кажам дека најмногу недостасуваат учени специјалисти со творечки приод... Недостасуваат луѓе кои се можат да бидат активни, творечки, кои би „’ргале“ по 12 часа и кои притоа би размислувале и би носеле резултати. Такви луѓе има многу малку.


Алексеј Кудрин

поранешен министер за финансии

„Идеалниот шеф мора да ги дели моите интереси. А, уште подобро ако е целосно самостоен и работи за себе“, смета Елена, која е апсолвент на Московскиот институт за дизајн и технологија. Таа засега не знае каде ќе работи откако ќе го заврши факултетот, но не ја исклучува можноста да стане фриленсер.

Ако го резимираме горенаведеното ќе ја добиеме „работата од соништата“ на еден млад московјанин: слободен распоред, но тоа не вклучува работа за време на викенд или за време на празници. Работата, пред сè, мора да нуди задоволство, а паричното прашање е на второ место. Сепак, платата не смее да биде помала од 2.000 или 3.000 евра месечно. Притоа треба да се работи за творечка работа. Но, резултатите од таа работа не мора да имаат практична примена.

Според истражувањето спроведено од страна на најголемата руска кадрова компанија HeadHunter, во 2013 година меѓу руската младина најмодерни професии се копирајтер, обучувач-менаџер, специјалист во сферата на информациските технологии, а исто така и бренд-менаџер и специјалист за пи-ар. По нив следуваат администраторите на групи во социјалните мрежи и блогерите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња