Рускиот течен гас оди за САД и покрај санкциите

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Америка ќе добие гас од руската фабрика за течен природен гас „Јамал“. Истиот проект претходно беше погоден од санкциите наметнати од Вашингтон.

Првата пратка течен природен гас (ТПГ) од руската фабрика „Јамал ЛНГ“ неодамна беше транспортирана до Велика Британија. Кратко потоа, танкерот „Гаселис“ (Gaselys) ја презеде пратката преку Атлантикот до САД, соопштува рускиот весник „Комерсант“.

Танкерот треба да пристигне на терминалот за течен природен гас „Еверет“ во Бостон на 22 јануари. Цените на гасот неодамна се зголемија на Источниот брег на Америка по силните снежни бури.

Танкерот што го донесе рускиот ТПГ во Велика Британија се вика „Кристоф де Маргери“. На 8 декември претседателот на Русија Владимир Путин учествуваше во церемонијата на товарање на бродот. Производството на ТПГ во фабриката „Јамал“ на рускиот Арктик започна три дена претходно. Тоа е амбициозен проект вреден околу 27 милијарди долари.

Руската компанија „Новатек“, која го предводеше проектот, беше ставена под санкции на САД по украинската криза во 2014 година. Како резултат на тоа, компанијата, наводно, мораше да бара финансии од Кина.

Прочитајте Кога Европа ќе добие руски гас без посредници?