САД вршат дипломатски притисок врз членови на ЕУ, за да не се дозволи реализацијата на проектот за гасоводот Северен тек-2. Ова го соопшти изданието „Взгляд“ во петокот (23 јуни), повикувајќи се на дипломатски извор на РИА Новости во Брисел.
Изворот на новинската агенција тврди дека САД сакаат да го „закопаат“ проектот. Според него, Гаспром е конкурент на САД во испораката на течен природен гас во Европа.
Претходно оваа недела рускиот претседател Владимир Путин се сретна со главниот извршен директор на Ројал Дач Шел (Royal Dutch Shell) Бен ван Берден и изјави дека Северен тек-2 е комерцијален проект и ги има сите шанси за успех.
Во средината на јуни Сенатот на САД го одобри проектот за нови санкции против Русија. Западните медиуми истакнаа дека со овој потег Вашингтон нанел удар врз нафтоводот Северен тек-2.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче