Американскиот течен гас за Европа испадна дека е руски

Hinrich Bäsemann/Global Look Press
Американците на Европа ѝ испорачуваат течен гас од Русија.

Американските танкери на терминалот за течен гас кој се наоѓа во белгискиот град Антверпен доставуваат гориво купено во Русија, пишува весникот „Соар“ во истражувањето на низа оф шор компании спроведено во рамките на таканаречените „Рајски документи“.

Весникот истакнува дека гасот во Антверпен го доставуваат четири танкери кои се наоѓаат во сопствеништво на компанијата „Навигатор Холдингс“ (Navigator Holdings) регистрирана на Маршалските острви. 31% од акциите на оваа фирма која, како што пренесуваат медиумите, купува гас од руски „Сибур“ во пристаништето Уст Луга, му припаѓаат на актуелниот министер за трговија на САД Вилбур Рос.  

Весникот во истражувањето повторно укажува на фактот дека терминалите за течен гас во Европа работат по пазарни закони, добивајќи го синото гориво од далеку поблиската Русија, а не од Америка, само по повисока цена отколку што би била доколку транспортот би се одвивал преку гасовод.

Медиумите потсетуваат дека тоа укажува на соработката на „Сибур“ со компанијата на Вилбур Рос за што претходно не се знаело. „Сибур“ истакнува дека е изненаден од политички ангажираните медиумски интерпретации на вообичаеното работење.

Како што се наведува, договорите на „Сибур“ со превозниците, меѓу другото и со „Навигатор Холдингс“, се наоѓаат во извештајот за работењето.

Претходно веќе беа искажани сомнежи дека САД го купуваат во Русија јагленот што ѝ го испорачуваат на Украина.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња