Русија значително го зголеми извозот на автомобили. А на врвот на ранг листата не е „Лада“

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
За неполни година дена руската автомобилска индустрија извезе околу 37 илјади возила и на тој начин ги надмина минатогодишните испораки за 34,8 отсто.

Според податоците на аналитичката агенција „Автостат“ повеќе од 40 отсто од автомобилите продадени во странство се од чешката марка „Шкода“. Преведено во бројки тоа изнесува 15700 примероци, а речиси сите испораки се однесуваат на истиот модел „Јети“. Руската марка „Лада“ покрива 25 отсто од извозот, што изнесува 9400 возила. На трето место на извозната ранг листа се наоѓа „Рено“ со испорачани 3400 автомобили.

Покрај споменатиот модел на „Шкода“, меѓу најпродаваните се наоѓаат и Lada 4x4 и „Рено Дастер“. Во првата петорка влегуваат и руската Lada Vesta и британскиот Land Rover Range Rover.

Главни извозни дестинации во 2017 година беа Чешка, на која отпаѓаат 40 отсто од вкупните извозни испораки, или околу 15,6 илјади возила, како и Украина и Летонија, во кои поединечно се извезени повеќе од 3 илјади примероци. Исто така, извозот во ОАЕ, Унгарија, Кина, Либан, Узбекистан и Азербејџан надмина илјада патнички автомобили по земја.

Прочитајте за  историјатот на „Лада“.