„Лада Веста“, производ на АвтоВАЗ, на „АвтоГермес“ саемот. 14 март 2016, Москва, Русија.
РојтерсВо првите шест месеци од 2017 Русите потрошиле за набавка на нови патнички автомобили 890 милијарди рубли, што е за 10% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Соодветните податоци ги објави аналитичката агенција „Автостат“.
Лидер во приходите е компанијата „Тојота“, која има заработено речиси 100 милијарди рубли - 1% помалку од претходната година. „Киа“ е втора со мала разлика – со продадени автомобили за 93 милијарди рубли (плус 37%).
На третата позиција се најде рускиот бренд „Лада“, со приход од 75 милијарди рубли (плус 20%), а четвртото место е за „Хјундаи“ со заработка од 73 милијарди рубли (плус 20%). Петтото место е за „Мерцедес-Бенц“, со приход од 72 милијарди рубли (минус 8%).
Вкупно, според Асоцијацијата на Европскиот бизнис (АЕБ), од јануари до јуни оваа година во Русија се продадени 718529 нови патнички автомобили - за 6,9% повеќе од претходната година, пренесува Autonews.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче