Странски медиуми: Рускиот пазар до 2020 ќе достигне два милиони продадени автомобили

Сергеј Савостјанов/TASS
Според процените на францускиот дневен весник Les Echos кој се повикува на претставници на концернот „Рено“ во Русија до крајот на годинава ќе бидат продадени 1,6 милиони автомобили.

Повикувајќи се на претставници на концернот „Рено“, весникот Les Echos прогнозира дека во Русија до крајот на оваа година ќе бидат продадени 1,6 милиони возила, а до 2020 до два милиони примероци.

Весникот нагласува дека рускиот пазар на автомобили почнал да заздравува по падот што беше забележан минатата година. Според податоците со кои располага францускиот весник, продажбата на автомобили која во Русија 2012 година изнесуваше 2,9 милиони возила минатата година опаднала на 1,4 милиони.

Раководителите на „Рено“ очекуваат дека пазарот оваа година ќе порасне и ќе достигне 1,6 милиони автомобили, а до 2020 два милиони, пишува Les Echos.

Продажбата на возилата од марката „Лада“ во првите осум месеци оваа година пораснала за 9,8%, тврди весникот, истакнувајќи дека растот првенствено е забележан кај двата модела со новиот корпоративен дизајн Lada Vesta и Lada XRAY кои веќе пронајдоа заинтересирани купувачи. Двата модела спаѓаат во десетте најпродавани автомобили во Русија и ја прават половината од целокупната продажба на автомобили од марката „Лада“, нагласува  Les Echos.

Според пишувањето на францускиот весник во 2010 година уделот на автомобили од марката „Лада“ на пазарот изнесувал 29%, додека во 2014 година тој показател паднал на 16,4%. Оваа година показателот достигна 19,7%, без оглед на острата конкуренција што ја претставуваат „Хјундаи“ и „Киа“. „Нашата цел е да достигнеме удел од 20% на пазарот и тука да се задржиме“, изјави Јан Птачек, извршен потпретседател за продажба и маркетинг на компанијата АвтоВАЗ.

Во АвтоВАЗ, најголемата фабрика за автомобили во алијансата „Рено-Нисан“, која се наоѓа во рускиот град Тољати и е една од најголемите во светот, се произведуваат четири познати брендови -  „Лада“, „Рено“, „Нисан“ и „Датсун“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња