„Телеграм“ се пресели на Блискиот Исток „од принцип“

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Компанијата на Павел Дуров отвори нова канцеларија на 23 кат на облакодерот „Медиа Сити“ во Дубаи - за да избегне плаќање на големите даноци.

Павел Дуров, креатор на руската социјална мрежа ВКонтакте и сервисот за пораки „Телеграм“ изјави во интервју за „Блумберг“ зошто избрал да изнајми канцелариски простор во Обединетите Арапски Емирати.

Дуров рече дека „тоа е прашање на принцип“ (и начин да се заштедат многу пари):

„Многу луѓе во западниот свет не сфаќаат колку даноците ги ограничуваат нивните можности. Можете да завршите со плаќање на речиси половина од вашиот приход за даноци, што значи дека работите за државата 180 дена во годината. Мислам дека можам да најдам подобри начини да ги искористам парите за да придонесам за општествотo“, додаде тој.