Telegram: Создавачот на Вконтакте го објави конкурентот на WhatsApp

Американската компанија на Павел Дуров, Digital Fortress LLC го претстави денес комуникаторот, направен врз основа на новиот, заштитен протокол MTProto.

Новиот комуникатор од создавачот на најпознатата руска социјална мрежа денес може да се симне од Appstore; пренесе во средата интернет-страницата на списанието HopesAndFears.

Програмата се нарекува Telegram и функционира врз основа на новиот, заштитен протокол MTProto, создаден од постариот брат на Павел Дуров, Николај.

Меѓу предностите на новиот комункатор создавачите ја спомнуваат брзината на работа, сложениот систем за шифрирање, кој треба да обезбеди висок степен на безбедност на размената и чувањето на информацијата. Според податоците на рускиот Forbes, за да ги обезбеди условите за работа, Дуров изнајмил центри за податоци во неколку држави во Европа, Азија и САД.

За влез во комуникаторот нема потреба од формирање сопствен профил. Програмата го користи личниот телефонски број на корисникот.

Сите податоци се чуваат во „облак“, што значи дека може да се пристапи кон податоците од неколку авторизирани апарати. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња