Павел Дуров
press-photoОсновачот и поранешен генерален директор на рускиот Фејсбук, социјалната мрежа ВКонтакте, кој е исто така и креатор на месинџерот Telegram, Павел Дуров е еден од најпосакуваните руски ергени. Но, дамите кои претендираат на раката и срцето на младиот милионер, треба добро да се потрудат. Павел се труди да не го губи времето залудно на жени и се однесува скептично кон институцијата брак. Според неговите зборови „бракот е црковно-феудален инструмент за потиснување на личноста, чија цел е да се интегрира човекот кон системот“.
Во 2014 година Павел ја напушти Русија, откако ги продаде своите акции во ВКонтакте. Тој не го открива сегашното живеалиште. Вели дека работата го принудува многу да патува.
Извор: Комерсант
Иљја е креаторот на сајбердетективската агенција Group-IB, која е вклучена во листата на највлијателни агенции на пазарот за сајбербезбедност. Клиенти на компанијата се големи банки, рударски и нафтени компании.
Без оглед на тоа што Иљја многу работи, тој се труди што повеќе време да му посвети на својот приватен живот. Сачков си има девојка, со која е во контакт „на далечина“, бидејќи одамна не живее во Русија.
Press-photo
Во листата на постигнувањата на Антон се создавањето на сајтовите Look At Me и „Теорија и практика“. Последниот проект на Антон е Coub кој започна пред три години и го разниша рускиот Интернет. Во летото 2014 година Coub отвори канцеларија во Њујорк и оттаму започна светската експанзија.
Антон не сака да зборува за личниот живот. Сака сајберспорт и „Војна на ѕвездите“.
Press-photo
Константин е основачот на услугата за пребарување на евтини авионски билети Aviasales.
Но, она што го прослави Константин не е само Aviasales. На крајот на деведесеттите години од минатиот век тој ги започна првите чекори во бизнисот со создавање на сајт за еротски фотографии кој со тек на време стана сериозната хостинг-компанија UPL Telecom.
Константин е разведен и, се чини, засега нема намера повторно да се жени. Не многу одамна на својот профил на Фејсбук тој напиша: „Неодамна се навршија осум години откако неуспешно се оженив. Брат, верувај, поголемиот дел од жените не се преправаат дека се глупачки, туку се баш тоа“.
Тој е еден од авторите на популарната игра за смартфони Cut the Rope (исечете го јажето). За неколку години откако постои, играта достигна 750 милиони преземања и му донесе на својот креатор милиони долари. Cut the Rope се игра месечно од 50 милиони луѓе низ целиот свет.
Ефим не сака да го коментира својот личен живот. Не е оженет. Во слободното време оди на натпревари по хокеј.
Семјон е брат-близнак на Ефим Војнов и коавтор на Cut the Rope.
Како и Ефим, и Семјон избегнува публицитет. За неговиот приватен живот не се знае многу. Не е оженет. Одделува многу време на работа. Како и неговиот брат, сака хокеј.
Сопственикот на компанијата i'way која организира трансфери во 105 земји во светот - од аеродром, од железничка станица, до градот или помеѓу градовите. Компанијата се потпира на корпоративните клиенти. За 2015 година прометот на фирмата изнесува 700 милиони рубли.
Дмитриј не е женет, но тој има девојка, со што, според зборовите на Дмитриј, е „во сериозна врска“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче