Основачот на „Вконтакте“ ги избриша сите пријатели од социјалните мрежи

Павел Дуров на 27 март соопшти дека на сите социјални мрежи ги избришал сите листи на пријатели.

Основачот на социјалната мрежа „Вконтакте“ Павел Дуров објасни зошто ги избришал пријателите од сите социјални мрежи.

 „Ме прашуваат зошто ги избришав листите со пријатели. Пријателите во социјалните мрежи се појава од 2010 година. Сите што ми требаат одамна се на месинџер. Да ги задржувам застарените листи со пријатели во јавните мрежи е бесмислено и заморно. Да читам нечии вести е контаминација на мозокот. За да се создаде место за нешто ново, не треба да се плашиме да се ослободиме од стариот товар, застарените идеи, претставите, врските, местата каде што сме работеле некогаш. Велат, подоброто е непријател на доброто. Но, важи и обратното: доброто е непријател на подоброто. Единствената пречка на патот кон подоброто е да се држиш за она што е добро, што веќе го имаш“, напиша Дуров на својата страница на социјалната мрежа „Вконтакте“.  

Дуров на 27 март соопшти дека на сите социјални мрежи ги избришал сите листи на пријатели од Инстаграм, Твитер, Фејсбук и Јутјуб, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња