WSJ: Падот на рубљата ѝ овозможи на Русија да стане земјоделска суперсила

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Статусот на Русија како земјоделска суперсила се зацврсти во 2017 година благодарение на слабата рубља и рекордните приноси. Овие околности извршија притисок врз американските земјоделски производители и влијаеја на намалување на цената на житата, пишуваат за „Вол Стрит Џурнал“ Џес Њуман и Бенџамин Паркин.

Во статијата што ја објави „Вол Стрит Џурнал“ се истакнува дека Русија ги надмина САД во извозот на пченица поради големите инвестиции и ослабената рубља. Сега Американското здружение на производители на пченица размислува да ја затвори својата канцеларија во Египет како најголем увозник на пченица во светот, пренесува RT.

Претставникот на асоцијацијата Стив Мерсер истакнува дека американските земјоделци не можат да се натпреваруваат со Русија во цената на пченицата. Оваа година во САД имаше лоши временски прилики. Додека сезоната во Русија беше студена, влажна и плодна, Америка, напротив, ја погодија големи снегови и суша.

Изданието истакнува дека приносите во САД се намалени за една четвртина во споредба со претходната сезона.

Оваа година, Русија, како што се и очекуваше, го сруши рекордот на Советскиот Сојуз во производството на жито.