Жетва на пченица на полињата на колхозот „Арсениј“ во Ивановскиот регион, Русија.
Владимир Смирнов/ТАССКубањ ги соборува сите рекорди кои ги постави во 2016 година и е вистински лидер меѓу руските региони по принос на жито, соопштува прес-службата на администрацијата на Краснодарскиот крај.
Кубањ го собори сопствениот минатогодишен рекорд по приноси, вклучувајќи го и квалитетот на житото. Оваа година, без оглед на тоа што се посеани речиси 50 илјади хектари помалку, приносот изнесуваше 10 милиони и 364 илјади тони, што е за 212 илјади тони повеќе од минатата година, се вели во соопштението.
Приносот во регионот изнесува 63,3 метрички центи по хектар.
Родот на житни култури на подрачјето на Кубањ и понатаму останува највисок во Русија, истакнува Министерството за земјоделство на Кубањ, пренесува РИА „Новости“.
Како што нагласуваат тие, повикувајќи се на Министерството за земјоделство на Русија, посеаната површина во Ростовската област е речиси двојно поголема, поточно 2,9 милиони хектари наспроти 1,6 милиони. Бруто приносот надминува 12 милиони тони, со просечен принос од повеќе од 40 метрички центи по хектар. Во Ставрополскиот крај земјоделците ожнеаја околу девет милиони тони жито, а регистрираниот просечен принос изнесува 43,4 метрички центи по хектар.
Друг важен факт е што 85 проценти од жетвата во Кубањ е со исклучително висок квалитет, потребен за подготовка на леб и печиво.
Ресорот, исто така, соопштува дека во овој регион наскоро ќе почне жетва на пченка на 679,5 илјади хектари и на ориз на 122 илјади хектари.
Според предвидувањата на Рускиот житен сојуз оваа година ќе биде реализиран род помеѓу 115 и 118 милиони тони, што е резултат близок до рекордниот показател од минатата година. Во 2016 година приносот изнесуваше околу 120-121 милиони тони жито.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче