„Ди Велт“: Русија е повторно светска житница

Русија извезува повеќе пченица од САД. Но, тој успех чини скапо, пишува германски „Ди Велт“.

По цела една деценија на обиди да го стигне противникот, Русија повторно се најде пред САД. Посилна е само е ЕУ, пишува германски „Ди Велт“.

Во однос на производството, Русија продолжува да заостанува зад ЕУ, Кина и Индија. Сепак, годинава Русите постигнаа историски рекорд. Две третини од житото оди на пченицата. Една од причините е и тоа што цената на пченицата на светските пазари останува на ниско ниво и во најскоро време не се предвидуваат некакви промени.

Како и да е, и покрај предвидувањата дека производството на пченица ќе се намали, Русија може да се надева на уште една сезона со високи приноси и во 2017/2018 може и да ги надмине ЕУ како најголем извозник на пченица. За Русите влезот во високата лига не носи само морална сатисфакција, туку и пораст на самодовербата, благодарение на тоа што структурата на извозот, во кој доминираат нафтата, гасот и оружјето сега се проширува, барем за сметка на земјоделското производство.

Овој подем има и симболичен карактер: Русија, како во царските времиња, повторно стана светска житница.

Други причини за успехот се и тоа што за време на Владимир Путин, повторно беше дозволено купување на земјоделски површини од страна на приватни лица. Како што изјави министерот за земјоделство на РФ Александар Ткачев, „пченицата не е помалку рентабилна од нафтата“. Фактички, инвестициите во аграрниот сектор станаа добар бизнис во Русија. За тоа помогна и ембаргото на увоз на земјоделски производи, кое Путин го воведе како одговор на западните економски санкции, воведени во 2014 година.

Исто така, придонесе и падот на курсот на рубљата поради намалувањето на цените на нафтата во средината на 2014 година. Целта на руската влада е во рок од максимум седум години Русија да стане целосно независна од увоз на прехранбени производи. Тоа е главната причина што Русија колосално го субвенционира овој сектор.

Русија се обидува да го изнесе својот бизнис на нови пазари, како што се Нигерија, Бангладеш и Индонезија. Во април по копнен пат пченица се извезуваше и во Кина.

Кинезите го искористија моментот кога Русија поради несогласувањата со Западот се обрати до Кина и затоа беше подготвена на големи отстапки. Паралелно со приходите од извозот на пченица, Москва сака во долгорочна перспектива да победи во натпреварот со САД, пренесува ИноСМИ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња