Извозот на пченица од Русија го собори историскиот рекорд

Извозот на руската пченица во земјоделската 2016-2017 година (од 1 јули 2016 година до 30 јуни 2017 година) веќе го собори историскиот рекорд од 25 милиони тони, кој беше поставен минатата година и кој ја направи Русија светски лидер, соопшти првиот заменик-министер за земјоделство на РФ Џамбулат Хатуов.

Според заменик-министерот за земјоделство на Русија Џамбулат Хатуов изјави дека министерството предвидува дека извозот на руско жито до крајот на оваа сезона ќе изнесува 34-35 милиони тони, вклучувајќи 27 милиони тони пченица, пренесува „Взгљад“.

Хатуов изјави дека лидерската позиција на Русија во извоз на пченица во светот е, пред сѐ, прашање на престиж. Притоа е важно да се сочува профитот на земјоделските производители, за да се зголеми производството на жито.

Меѓутоа, Странската земјоделска служба на Министерството за земјоделство на САД предвидува дека Русија годинава ќе го загуби лидерството во извозот на пченица.

Во февруари генералниот директор на Институтот за конјунктура на аграрниот пазар (ИКАР) Дмитриј Рилко изјави дека перспективата за жетвата на пченица во 2017 година е „застрашувачки добра“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња