„Гаспром” ја зазема првата позиција на ранг-листата на 250 најголеми енергетски компании на светот според верзијата S&P Global Platts. На второто место се наоѓа германската компанија E.ON, а на третото индиската Reliance Industries Ltd.
Руската гасна компанија минатата година се најде на третото место на оваа ранг-листа, додека на првото беше американската компанија ExxonMobil, која годинава падна на деветтата позиција.
Меѓу првите пет најголеми енергетски компании се наоѓаат и корејската Electric Power Corp и кинеската China Petroleum & Chemical Corp. Меѓу првите десет влегуваат и руската нафтена компанија „Лукоил” (шесто место), Indian Oil Corp, Valero Energy Corp и Total. Руските компаније „Транснефт” и „Роснефт” ги зазедоа 14 и 22 позиција.
Ранг-листата на најголемите енергетски компании на светот S&P Global Platts се објавува од 2002 година во рамките на асоцијацијата Platts и S&P Global Market Intelligence. При составувањето на ранг-листата се земаат предвид карактеристиките на компанијата како што се вредноста на активите, приходот, профитот и профитабилноста на инвестираниот капитал.