Moody's: Ризици за „Гаспром“ поради новите санкции на САД

„Гаспром“.

„Гаспром“.

Press photo
Меѓународната агенција за рејтинг Moody’s претпоставува дека изградбата на „Северен тек 2“ и „Турски тек“ може да биде забавена поради новите американски санкции.

„Законот за санкции ги става во опасност партнерите, инвеститорите, кредиторите и подизведувачите на „Гаспром“ и создава ризици за забавување на изградбата на двата гасовода“, соопшти агенцијата, пренесува „Взгљад“.

Покрај тоа, во Moody’s се уверени дека новите санкции на САД создаваат ризик за ослабување на преговарачката позиција на „Гаспром“ во однос на преговорите за тарифите за транзит на гас со Украина.

„Ослабувањето на преговарачката позиција на „Гаспром“ може да доведе до пораст на неговите транзитни трошоци поради повисоките транзитни тарифи и обемите во споредба со претходно планираните“, се вели во извештајот на агенцијата.

Исто така, во документот се истакнува дека проширените санкции на САД против Русија се негативни за кредитоспособноста на „Гаспром“.

Во моментов агенцијата го проценува долгорочниот корпоративен рејтинг за групата компании на „Гаспром“ на ниво Ba1 со стабилна прогноза.

На почетокот на неделата меѓународната агенција за рејтинг и истражување „Стандард и Пурс“ објави анализа според кој новите американски санкции против Москва ја зголемуваат несигурноста на европските пазари на гас.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња